Тешко дека некој ќе го достигне: Меси и 12-та сезона по ред дава барем 20 гола во Ла Лига (ФОТО)

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и синоќа ја потврди својата класа, па Барселона лесно како на прошетка до Мајорка тргна со победите во пост-корона периодот од шпанскиот фудбал, а Аргентинецот успеа да направи нешто што тешко дека во следните сто години ќе биде надминат.

Меси стигна до 20 гола сезонава во Ла Лига, а верувале или не, тоа му е 12-та сезона како постигнува најмалку 20 погодоци и сигурно до крајот на сезонава бројката ќе биде уште поголема. Никој досега во историјата нема ваква статистика, а ова е уште еден доказ дека – му нема рамен на светот.

Синоќа, Аргентинецот даде еден гол, а имаше две асистенции во четворката на Каталонците.