Тен Хаг со порака по мечот со Астон вила ги налути навивачите на Јунајтед!

Манчестер јунајтед и оваа сезона игра ужасно, а тоа го потврди откако екипата на Ерик Тен Хаг урна негативен рекорд од минатата сезона.

Статистиката покажува дека „ѓаволите“ се полоши од минатата сезона, односно освоија само осум бодови по седум одиграни меча во Премиерлигата.

Резултатите на поранешниот англиски и европски шампион се загрижувачки и навивачите се фрустрирани, но дополнително се налутија поради пораката на Тен Хаг по мечот со Астон вила.

„Ова е четврти меч без примен гол оваа сезона. Јасно може да го видите нашето заедништво“, гласи пораката на Тен Хаг.

Гигантот од Манчестер по седум одиграни меча се наоѓа на 14. место во лигата со само осум освоени бодови.