Тен Хаг не сака еуфорија: Јунајтед е уште многу далеку од титулата

Манчестер Јунајтед беше исклучително активен на трансфер пазарот последната недела, донесе две засилувања, а преговара со уште двајца фудбалери кои би можеле да се преселат на Олд Трафорд наскоро.

Со оглед на квалитетот со кој располагаше тимот досега, сега има уште посилен ростер и навивачите очекуваа Јунајтед да се бори за титулата. Менаџерот Ерик Тен Хаг, сепак, не се согласува со нив и не сака еуфорија.

„Сакаме клубот да се врати таму каде што беше пред повеќе од една деценија, да освојува титула во Премиер лигата или Лигата на шампионите, но мислам дека и натаму сме далеку од сето тоа. Направивме некои чекори, инаку немаше да имаме два трофеја, но многу сме далеку од победничкиот менталитет кој некогаш преовладуваше тука во секој поглед“, смета Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед не бил првак на Англија од 2013 година, а Лигата на шампионите не ја освоил од 2008 година. Последниот голем трофеј датира од 2017 година триумфираше во Лигата Европа, а отогаш мораше да се задоволи со еден пехар во Лига купот и еден во ФА Купот.