Тен Хаг ќе ги пакува куферите: Јунајтед добива нов тренер по финалето во ФА-купот

Ерик Тен Хаг не ги оправда очекувањата на раководството на Манчестер јунајтед, па поради тоа ќе замине од клубот по финалето во ФА-купот кое го игра против Манчестер јунајтед.

Раководството на екипата од „Олд Трафорд“ ќе го отпушти Тен Хаг, а на негово место ќе го ангажира 38-годишниот Кјеран МекКена кој му помогна на Ипсвич да се врати во Премиерлигата.

Челси веќе покажа интерес за МекКена, но ќе мора да се бори против „ѓаволите“ за неговиот потпис, откако Јунајтед веќе ги почна преговорите со него.