Судијата кој го навреди Клоп се брани: Снимката е лажна! (ВИДЕО)

Англискиот судија Дејвид Кут доби суспензија откако на социјалните мрежи се појави видео на кое го навредува Ливерпул, но и поранешниот тренер на премиерлигашот, Јирген Клоп.

Кут на видеото користи погрдни зборови за клубот и тренерот, но по суспензијата реагираше на социјалните мрежи и тврди дека снимката е лажна, а е создадена за да му се уништи имиџот.

Премиерлигата во меѓувреме го суспендираше судијата и почна истрага со која треба да утврди дали видеото е автентично.