Статистиката не лаже: Најдобар голман сезонава во „лига петка“ е - Србин! (ФОТО)

Голманот на француски Ремс, Предраг Рајковиќ, е на врвот на листата на најдобри голмани во досегашниот дел од сезонава кога се во прашање најдобрите пет лиги во Европа.

Освојувачот на златен медал со репрезентацијата на Србија до 20 години во Нов Зеланд во 2015 година, Предраг Рајковиќ, досега има најмногу зачувани мрежи на натпревар, што воедно е најмногу од сите голмани во петте лиги.

Според бројот на натпревари што се одиграа, зад поранешниот голман на Црвена звезда и Макаби е чуварот на мрежата на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, по што следат Унаи Симон од Атлетик Билбао, Јан Облак од Атлетико Мадрид и Албан Лафон од Нант. Потоа следуваат Алисон од Ливерпул, Кејлор Навас од ПСЖ, Томас Вацлик од Севилја, Стив Манданда од Марсеј и Руи Силва од Гранада.