Србите ќе се испотепале: Радуљица и Гудуриќ во клинч, селекторот го минирал Јокиќ!

Кошаркарите на Србија имаа далеку поголеми амбиции пред почетокот на Мундобаскетот во Кина, но на крај завршија далеку од очекуваното (петти) - што е рамно на катастрофа.

Најлошото е што тренерот Александар Ѓорѓевиќ не успеа да создаде атмосфера во тимот - меѓу играчите имаше најмалку три клана!

Ваквата поделба меѓу „орлите“ беше забележана на почетокот на подготовките на  Копаоник, а ескалираше, како што дознава српски „Телеграф“, во соблекувалната во Донгуан, кога капитенот Мирослав Радуљица и играчот на Мемфис, Марко Гудуриќ, сакале физички да се пресметаат пред натпреварот со Аргентина во четвртфиналето!

Тоа го потврди Ѓорѓевиќ, кој не ги стави во игра против САД ниту една секунда. Овој конфликт индиректно го потврди и Богдан Богдановиќ.  

Беше добра атмосферата, но во текот на последните два дена излегоа некои работи од контрола што не вознемирија малку. Ние сме професионалци, моравме да реагираме подобро и да јго одиграме натпреварот, истакна Богдановиќ.

Тактички, Ѓорѓевиќ ги загуби мечевите со Шпанија и Аргентина. Србија немаше идеја против Италија во групата, а многумина се спротивставија на селекторот, бидејќи нивниот најдобар центар, Никола Јокиќ, добива мала минутажа.   

Тоа го потврдија сите стручни консултанти за време на преносот на натпреварите на Србија, а воедно го забележаа и американски новинари, кои напишаа во написи посветени на Јокиќ дека еден од најдобрите играчи во НБА лигата нема доволно минутажа што не е природно за него. Извори блиски до српската репрезентација тврдат дека Сале намерно го минирал Јокиќ за тоа што на претходните натпреварувања кога не одговорил на повикот на националниот тим.