Спортинг чека добра понуда за Ристовски за да го продаде

Португалски Спортинг Лисабон чека добра понуда за македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски за да го продаде, објави весникот „Рекорд“, инаку многу близок то таборот на лисабонските „лавови“.

Ристовски е ставен на продажба, откако Спортинг го договориле Валентин Росие, 22-годишниот француски десен бек од Дижон, кој веројатно ќе биде првиот избор на тренерот Марсел Кајзер за следната сезона, па поради тоа Португалците сега за добра понуда ќе се откажат од македонскиот репрезентатиец.

Зимоска римски Лацио беше заинтересиран за Ристовски, но само ако го добиеше на заем шест месеци со право на откуп, што не беше прифатливо за Спортинг. Сега во Лисабон се надеваат дека може да добијат добра понуда за Македонецот, кого пред половина година го проценија на седум милиони евра.

Покрај Ристовски, Спортинг планира да го продаде и резервистот на десната бековска страна Бруно Гаспар за кого имало интерес однекои клубови, а најзагреан бил шпански Хетафе.