Спировски по десет месеци се врати со гол, но Ференцварош се посрамоти (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски навреме се врати на терените и тоа на најубав начин после десет месеци проблеми и операција на коленото, па денеска даде гол за Ференцварош, една недела пред собирот на македонската репрезентација за претстојните квалификациски мечеви со Израел и Летонија на гости.

Спировски беше во аут поради повреда, а сега ќе се најде на спсиокот на селекторот Игор Ангеловски, па неговото враќање со погодок уште повеќе ќе му ја крене самодовербата за настапите за Македонија.

Спировски погоди во 12-та минута за да донесе водство за Ференцварош на гостувањето кај Пушкаш Академија, но актуелниот унгарски првак потоа неочекувано доживеа срамен пораз со 1-4 и ова е прва нула за гигантот од Будимпешта во вториот меч за нив оваа сезона.