Спектакл во Минхен: Баерн со пет гола ги скрши гостите од Франкфурт (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше со 5-2 против Ајнтрахт Франкфурт во мечот од 27. коло на германската Бундеслига и се врати на чело на табелата со четири бодови повеќе од Борусија Дортмунд.

Баварците по првите 45 минути имаа водство од 2-0, со голов на Леон Горецка и Томас Милер, по што на стартот на вториот дел следеа четири гола за 15 минути.

Најпрво Роберт Левандовски погоди за 3-0, по што Мартин Хинтерегер постигна два гола за намалување на 2-3, но Алфонсо Дејвис ги врати работите во нормала и стрелаше за 4-2.

Конечните 5-2 за Баерн ги постигна Хинтерегер со бизарен автогол во 74. минута од дуелот.