Сопругата на Меси не е среќна во Париз и најави спектакуларен трансфер

Шпанските медиуми пишуваат за нов сензационален трансфер на Лионел Меси, односно враќање во Барселона. Неговата сопруга Антонела му вршела притисок на Аргентинецот затоа што не е среќна во Париз и сака да се врати на животот во Каталонија.

Меси минатото лето ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ како слободен фудбалер, но не се прилагоди на францускиот вицешампион и досега настапи на 16 меча, а притоа постигна само шест голови и пет асистенции.

„Ел Национал“ објави дека Меси има голема почит кон својата сопруга и најверојатно таа ќе го убеди да се врати следното лето во Барселона, иако аргентинската ѕвезда има договор со парижаните до 2023 година.

Единствен проблем во моментов е тоа што ПСЖ нема да го пушти Меси без отштета, а Барселона не се наоѓа во добра финансиска ситуација за да може да го купи Аргентинецот, освен ако не се случи некое чудо во следните месеци.