
Сон: Жал ми е, се чувствувам одговорен за бркањето на Конте!
Станува збор за Хеунг-Мин Сон, за кого ова е најлошата сезона во последните пет години. Кореецот беше прашан за клупските случувања по пријателскиот меч на неговата репрезентација со Уругвај, а тој рече дека чувствува одговорност.
„Требаше да играм подобро. Се чувствувам одговорен за неговото заминување, бидејќи не можев многу да му помогнам на клубот. Јас сум многу благодарен за сè што направи Конте. Тој е одличен тренер и има многу искуство. Му посакувам сè најдобро“, вели Сон.
Тој имаше незгодна повреда близу пред Светското првенство во Катар. Заработи скршеница на орбиталната коска, поради што мируваше некое време, а на Мундијалот сепак настапи со заштитна маска. Оваа сезона има шест гола на 26 меча во Премиерлигата, а за споредба, минатата имаше 23 на 35.