Солзи на „Олимпико“ по видеото на Рома во чест на Астори

Фудбалерите на Рома вчеравечер пред своите гледачи го совладаа Торино со 3-0 во рамките на 28-то коло од италијанската Серија А.

Волчицата пред своите гледачи стигна до втората победа во низа откако избраниците на Еузебио ди Франческо минатиот викенд славеа против Наполи.

Меѓутоа, атмосферата на трибините беше полна со емоции поради смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Астори почина во сон минатата недела, а беше погребан во четвртокот во Фиренца. Овој 31-годишен фудбалер го носеше и дресот на Рома во која играше како позајмен од Џенова. Во негова чест, Рома пред натпреварот на голем дисплеј на Олимпико пушти видео кое ги натера да заплачат навивачите на овој клуб.