Солшер како менаџер на Манчестер јунајтед заработил вистинско богатство

Оле Гунар Солшер изминатиот викенд заработи отказ од Манчестер јунајтед поради серијата слаби резултати на тимот во Премиерлигата. 

Тој беше на клупата на „Олд Трафорд“ речиси три години, а англиските медиуми пресметаа дека тој заработил цело богатство додека бил менаџер.

Според пресметките Норвежанецот го збогатил своето конто со 26 милиони фунти, а притоа не освои ниту еден трофеј со клубот. 

Шпекулациите велат дека Солшер не заработил толкаво богатство ниту кога беше фудбалер на Манчестер јунајтед повеќе од една декада. Во оваа вкупна сума вметнати се и оние 7,5 милиони фунти обештетување поради предвремениот прекин на договорот.