Солшер: Не е моја работа да ги направам среќни фудбалерите кои не играат!

Оле Гунар Солшер ги предупреди фудбалерите на Манчестер јунајтед кои немаат голема минутажа дека ќе мора да се борат за своето место и не е негова работа да ги направи среќни.

Јунајтед не успеа да продаде одредени фудбалери затоа што претходно не купи играчи кои ќе го кренат тимот на повисоко ниво.

„Фудбалерите се среќни кога играат. Не е моја работа да ги направам среќни. Моја работа е да бирам фудбалери кои носат резултати. До играчите е да бидат подготвени, да работат напорно и да се борат за место во екипата“, кажа Солшер.