Солшер летово потроши 160 милиони евра, но добива дополнителни пари за нови засилувања!

Менацерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер, потроши околу 160 милиони евра на летни засилувања, откако во своите редови ги донесе Хари Магваер, Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс.

Но, затоа клубот го напуштија двојно повеќе имиња како Ромелу Лукаку, Крис Смилинг, Матео Дармијан, Алексис Санчез, Антонио Валенсија и Андер Херера, за кои тимот од „Олд Трафорд“ заработи околу 120 милиони евра. Така што „ѓаволите“ се во загуба за околу 40 милиони евра.

Сепак, тоа не го спречи раководството на еден од најтрофејните тимови на Островот да му обезбеди на норвешкиот стратег дополнително финансии за нови засилувања во јануари. Според англиските медиуми, прв во радарот на Солшер е играчот од средниот ред на Њукасл, Шон Лонгстаф, кој чини 60 милиони евра.

Овој трансфер беше предвиден да се случи во текот на летниот трансфер рок, но до тоа не дојде, па сега по лошиот старт на сезоната во Премиер лигата (имаат пораз, победа и две реми) управата сака да изрази поддршка за Норвежанецот.