Соиграчите на Алиоски постигнаа два гола, ама Лидс минимално – загуби (ВИДЕО)

Екипата на Лидс, за која настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, загуби минимално во вечерашната гостување кај Волвс (0-1) иако фудбалерите на овој тим двапати ја затресоа мрежата на противникот.

Победничкиот погодок на домаќинот беше дело на соиграчот на Алиоски, Илан Меслиер, кој несреќно ја погоди сопствената мрежа во 64. минута. Патрик Бамфорд, пак, стрелаше во 78. минута, но голот беше поништен од ВАР поради офсајд. Алиоски играше до пред самиот крај, кога беше заменет во 81. минута. 

Со овој триумф, Волвс го прескокнаа противникот на табелата, па сега се 11-ти со 33 бодови од 25 средби, додека Лидс е 12-ти со еден бод помалку, но и со меч помалку.