Соиграч на Барди ќе конкурира за гол на сезоната (ВИДЕО)

Фудбалерите на Леванте водат по првиот дел на дуелот против Реал Сосиедад со голот на Чема постигнат во финишот на првиот дел, кој на спектакуларен начин го искористи нафрлувањето на Моралес и дефинитивно ќе биде еден од кандидатите за гола на сезоната во Ла Лига. Нашиот репрезентативец Енис Барди од првата минута е на теренот и засега игра солидно на средината од теренот.