Снајдер: Арсенал треба да му изгради статуа на Артета!

Арсенал со победата над Атлетико Мадрид стана првиот финалист во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Микел Артета доби честитка и од поранешниот фудбалер Весли Снајдер.

Снајдер смета дека „топчиите“ имаат неверојатна сезона, а еден од најзаслужните за тоа е тренерот Артета.

„Арсенал треба да му изгради статуа на Микел Артета. Пласманот во финале на Лигата на шампиони со овој тим е нешто неверојатно“, кажа Снајдер.

Фото: Facebook/Arsenal