„Сменете го името на стадионот од Емирати во Арсен Венгер“

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер соопшти дека на крајот на сезоната ќе замине од клупата на „топчиите“ по 22 години, а потоа следуваа многу реакции од неговите поранешни соработници, а некои велат дека стадионот „Емирати“ треба да биде наречен по името на францускиот експерт.

Венгер помина повеќе од две децении во Арсенал и Премиерлигата, па не чуди фактот што голем број навивачи на екипата од Лондон, не можат да го замислат клубот без него.

Поранешните играчи на Французинот, Пол Мерсон и Алан Смит сметаат дека би било правилно ако името на стадионот „Емирати“ биде сменето во „Арсен Венгер“.

„Треба да се откажат од името Емирати, не им требаат пари. Стадионот нека се вика Арсен Венгер. Тоа е негов стадион. Венгер го изгради и заслужува да се вика по него“, кажа Пол Мерсон.

Со ова мислење се сложи и поранешниот напаѓач Алан Смит, кој во Арсенал играше од 1987. до 1995. Година.

„Се сложувам со мислењето на Мерсон. Тоа би била вистинска награда за тренерот. Клубовите во денешно време не сакаат да се откажат од милионите кои доаѓаат од правата за името на стадионот, но мислам дека ваков потег на управата би бил фантастичен“, вели Смит.