Скандал во Серија А: Фудбалер на Верона се степал со навивач на сопствениот тим (ВИДЕО)
Ситуацијата дополнително ескалирала кога друг симпатизер удрил по неговото возило, по што фудбалерот излегол од автомобилот. Потоа следувала вербална расправија која прераснала во физички судир, а целиот инцидент бил снимен од присутни сведоци. Настанот веќе е предмет на истрага, а на местото интервенирале и специјални полициски единици задолжени за безбедност на спортски настани. Снимките ќе бидат детално анализирани во наредниот период.
Орбан во Верона пристигна минатото лето како позајмен играч од Хофенхајм, со опција за откуп. Во текот на сезоната во Серија А, тој постигна седум голови и има три асистенции на 28 натпревари, со што го привлече вниманието на повеќе клубови.