Сите чекаа рекорд, но промоцијата на Азар не е ни во „топ пет“ најпосетени

Реал Мадрид официјално го промовираше Еден Азар пред 50.000 гледачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, па сите очекуваа рушење на рекордот според број на посетеност на некоја презентација на фудбалер, сепак такво нешто не се случи.

Шпанските новинари објавија податоци за промовирање на фудбалери, па Реал и Барселона се меѓу лидерите, но има и изненадувања.

Посебно интересно е тоа што на второто место е Диего Армандо Марадона, кој во 1984 година бил претставен на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол од 65.000 луѓе.

Првото место и понатаму го има Кристијано Роналдо од промоцијата во 2009 година, кога на „Сантијаго Бернабеу“ имаше дури 75.000 луѓе.

Топ-10 најпосетени промоции на фудбалери:

1. Кристијано Роналдо – 75.000 (Реал Мадрид)
2. Диего Марадона – 65.000 (Наполи)
3. Златан Ибрахимовиќ – 60.000 (Барселона)
4. Нејмар – 57.000 (Барселона)
5. Кака – 55.700 (Реал Мадрид)
6. Еден Азар – 50.000 (Реал Мадрид)
7. Фернандо Торес – 50.000 (Атлетико Мадрид)
8. Карлос – Тевез – 45.000 (Бока јуниорс)
9. Хамес Родригез – 36.000 (Реал Мадрид)
10. Давид Вилја – 35.000 (Барселона)