
Синот на Диего Симеоне ќе игра заедно со Елиф Елмас!
Станува збор за синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, чиј премин меѓу наполитанците го потврди и Фабрицио Романо, најдобро информираниот фудбалски новинар во Европа.
Симеоне следната сезона би ја играл како позајмен фудбалер за сума од 3м5 милиони евра, додека Наполи ќе има опција да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра на крајот од претстојното првенство.