Симоне Инзаги има сериозен проблем: Лацио ќе го нападне Милан без класичен напаѓач

Фудбалерите на Лацио ќе играат големо дерби против Милан во рамки на 30-то коло од Серија А, меч кој е закажан за во сабота.

Клубот од Рим сè уште не се откажува од борбата за Скудетото и сигурно се надева на некоја грешка на Јувентус. Но, јасно е дека Лацио веќе нема право на кикс, и ништо друго освен победа против Милан е неприфатлива за нив.

Натпреварот помеѓу Лацио и Милан ќе се одигра в сабота со почеток во 21:45 часот, а Симоне Инзаги има неверојатни проблеми. Имено, тој нема на располагање ниту еден класичен напаѓач, што секако е хендикеп.

Најдобриот играч на римскиот клуб, Чиро Имобиле, не може да го игра овој натпревар поради пет жолти картони, а со истиот проблем се соочува и Фелипе Каиседо, кој исто така го доби петтиот жолт картон во последното коло.

Инзаги на овој начин остана без класичен напаѓач за големото дерби и навистина ќе биде интересно да се види кој на крајот ќе игра како напаѓач во дербито против Милан.