Силва испрати покана до Нејмар: Мора да дојдеш во Челси

Дефанзивецот на Челси, Тиаго Силва кажа дека премиерлигашот би бил идеален клуб за неговиот сонародник и поранешен соиграч во ПСЖ, Нејмар.

ПСЖ планира да се ослободи од услугите на Бразилецот, а Челси е еден од кандидатите за неговиот потпис, додека дополнително шпекулациите ги подгреа дефанзивецот на „сините“, кој јавно го покани Нејмар во Лондон.

„Нејмар мора да дојде во Челси. Ако се случи тоа, тогаш ќе биде најдобро за сите. Не знам ништо засега, но се надевам дека тоа ќе се оствари“, кажа Силва.