„Сигурен сум дека мајмуните се попаметни од расистите“

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели го поддржа движењето на „Животите на Афроамериканците се важни“. Тој сподели фотографија на Инстаграм каде клечи со стисната тупаница.

Деновиве има протести во САД поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник.

На тој начин Балотели им се придружи на многу фудбалери и спортисти кои изразија солидарност со луѓето на улиците низ САД. Тој исто така објави и „стори“ на Инстаграм, во кое напиша: „Јас немам ништо против мајмуните. Сигурен  сум дека мајмунот е попаметен од расистите“.