Си го бара со „боринче“: Дембеле вторпат во еден месец ептен го налути Куман!

Усман Дембеле одново е на столбот на срамот во таборот на Барселона и тоа по синоќешната убедлива победа над Вилјареал (4-0), откако денеска задоцнил 15-тина минута на тренингот, нешто што е строго забрането од новиот тренер Роналд Куман.

Што е уште полошо, ова е негов втор ваков престап овој месец, поради што сериозно го навлекува гневот на новиот стратег и тоа уште на речиси непочнато првенство. Холанѓанецот се обидува да наметне правило сите фудбалери да бидат во тренинг-кампот најмалку еден час пред да почне тренингот, но младиот напаѓач некако има проблем со следењето на ова правило.

Ако вака продолжи, Дембеле сигурно ќе се најде на излезна врата од Барса, што неколку тима како едвај да го чекаат, меѓу кои најзагреан е Манчестер јунајтед.