Шведската машина за голови доаѓа во Барса да го наследи Левандовски?

Менаџментот на Барселона се обидува да најде долгорочно решение за нападот имајќи предвид дека Роберт Левандовски има 36 години и јасно е дека нема уште долго да се задржи во клубот.

Каталонските медиуми тврдат дека изборот паднал на шведскиот репрезентативец Виктор Гјекерес кој блеска во дресот на Спортинг Лисабон и е еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов. Во шампионот на Португалија се свесни за квалитетите на својот фудбалер и немаат намера евтино да го дадат, па откупната клаузула за Гјекерес изнесува 100 милиони евра.

Поради тоа, Барселона е подготвена во трансферот планира да вклучи барем еден фудбалер и тоа најверојатно ќе биде Витор Роке. Сезонава Бразилецот игра на позајмица во Бетис и добро му оди, па спортскиот директор Деко се надева дека со него ќе биде покриена барем половина од отштетата што ја бара Спортинг.

Гјекерес сезонава има 16 гола на 10 настапи за Спортинг во португалското првенство, а лани одигра 33 меча и постигна 29 гола и 10 асистенции.