Што Роналдо низ солзи му говорел на судијата Брих?
Роналдо го поттурна Мурилјо, а потоа направи гест како да го куби за коса, по што помошникот судија му сигнализираше на Феликс Брих дека ова е црвен картон. Португалецот се фати за глава во неверување и тешко ги скротуваше емоциите.
„Не направив ништо, не направив ништо“, повторил повеќе пати Роналдо, сакајќи да го смени фактот дека првпат во 154 настапи доби црвен картон во ЛШ.
Веројатно му пречи што со ова зацрнето му беше чистото досие, но сигурно ќе му пречи ако ова исклучување му донесе суспензија, на пример од два меча, па да не може да настапи на гости кај Манечстер јунајтед, во третото коло (23 октомври).
Јавноста се подели за тоа дали Роналдо требаше да добие црвен картон или не, а не делува најубеден дури ни тренерот на Валенсија, Марселињо.
„Не видов добро за да кажам, но Роналдо беше многу вознемирен. Дури и заплака откако повеќе пати на судијата му рече дека не направил ништо лошо“, изјави Марселињо.