Што дочекаа „ѓаволите“: Напаѓач на Бенфика не сака да игра за Јунајтед!

Еден од најбараните фудбалери во моментов на пазарот, напаѓачот на Бенфика Дарвин Нуњеш, одбил две понуди од екипи од Англија, меѓу кои и таа на Манчестер Јунајтед.

Уругвајскиот репрезентативец добил конкретен предлог за преселба на „Олд Трафорд“, но веднаш вратил со негативен одговор. Истото го направил и со понудата добиена од Њукасл, чии нови пребогати сопственици од Саудиска Арабија сакаат да формираат тим за титула за следната сезона.

Главна причина за ваквиот анимозитет на Нуњеш кон великан како Јунајтед е фактот што овој тим нема да игра во Лигата на шампионите (ЛШ), поради што како главен фаворит за неговиот потпис се споменува ПСЖ.