Шок за Италијанците: Милан и Комо нема да играат во Австралија
Првиот човек на Серија А, Ецио Симонели претходно тврдеше дека се е договорено, дури и судиите бидејќи натпреварот требало да го водат арбитри од азиската фудбалска конфедерација. Во меѓувреме, АФЦ, под чии ингеренции е Фудбалската асоцијација на Австралија, издала нови барања кои биле неприфатливи за организација на натпреварот и Италијанците се откажале.
Симонели тврдеше дека натпреварот меѓу Милан и Комо ќе им донесе на Австралијците приходи од 280 милиони долари, но тоа никогаш нема да биде потврдено. На Италијанците им се случи истото како на Шпанците, односно на екипите на Виљареал и Барселона кои требаше да се сретнат во Мајами, но поради силниот притисок, тој меч сепак се одигра на стадионот Серамика.
Милан сега ќе треба да бара стадион на кој ќе го пречека Комо на 8 февруари бидејќи Сан Сиро ќе биде зафатен со отворањето на Зимските олимписки игри.