Аморим го избрка, сега Хојлунд го провоцира и него и Јунајтед (ФОТО)
По прославата на трофејот, Расмус Хојлунд се огласи на социјалните мрежи за да го одбележи својот прв трофеј по враќањето во Италија и суптилно ги испровоцира Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед.
„Колку добра одлука“, напиша данскиот напаѓач, кој беше буквално избркан од португалскиот тренер на почетокот на сезоната по доаѓањето на Бенјамин Шешко, како и Брајан Мбеумо и Матеус Куња.
Хојлунд веќе има 7 гола и 3 асистенции на 19 натпревари оваа сезона во дресот на Наполи, вклучувајќи два гола против Спортинг во Лигата на шампионите на УЕФА. Во финалето од Суперкупот тој не постигна гол, но во полуфиналето против Милан го одлучи победникот со еден гол и една асистенција.