Шок за Арсенал: Обемејанг прележа ковид-19, но има срцеви проблеми!

Арсенал доби ужасни вести за нивниот напаѓач Пјер-Емерик Обемејанг, кој има проблеми со срцето, а веста ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Габон.

Фудбалскиот сојуз на Габон пред натпреварот против Гана соопшти дека Обамејанг и двајца негови колеги имаат срцеви проблеми.

„Медицинската комисија по прегледите соопшти дека Обамејанг, Меје и Ламина имаат срцеви проблеми, па не сакавме да ризикуваме со нивен настап“, соопштија од Габон.

Овие фудбалери во претходниот период беа заразени со ковид-19 и неодамна излегоа од карантин, па се очекуваат дополнителни прегледи за да се открие каде е проблемот.

Вчера и Баерн Минхен соопшти дека нивниот фудбалер Алфонсо Дејвис има проблеми со срцето и нема да игра фудбал одреден период.