Шок во германскиот Куп: Баерн Минхен елиминиран од второлигаш (ВИДЕО)

Актуелниот германски и европски шампион Баерн Минхен ги заврши настапите во домашниот Куп, бидејќи на пенали беше елиминиран од второлигашот Кил. По регуларните 90 минути резултатот беше 2-2, а трагичар во пенал-рулетот кај фаворитот беше Марк Рока. 

Серж Гнабри го постигна водечкиот гол за Баерн во 14-тата минута. Второлигашот израмни преку Бартелс во 37-та минута. Лирој Сане со прекрасен гол од слободен удар на стартото на вториот дел го врати фаворитот во водство. Кога сите мислеа дека Баерн се пласираше во осминафиналето, Хауке Вал во 95-та минута со глава погоди за 2-2. 

Во продолженијата немаше погодоци па победникот мораше да биде решен на пенали. Трагичар за „баварците“ беше Марк Рока, кој беше единствениот кој промаши од белата точка и тоа во шестата серија. 

Радоста кај второлигашот беше неизмерна со оглед на големата победа против Баерн.