Шок во Германија: Соиграч на Чурлинов поради уцена играл со лажен идентитет!

Напаѓачот на Штутгарт, Силас Вамангитука откри досега непознати детали за неговиот живот, а исто така призна дека неговото име и годината на раѓање не се исти со тие што ѝ се познати на јавноста.

Фудбалерот на бундеслигашот и соиграч на Дарко Чурлинов излезе пред јавноста со поддршка на клубот и ја откри целата приказна, во која е вмешан и еден фудбалски менаџер.

Вистинското име на фудбалерот е Силас Катомпа Мвумпа и не е роден во 1999 година, туку една година претходно, а морал да игра со лажен идентитет поради неговиот поранешен менаџер.

Играчот на Штутгарт се соочил со проблеми на 17-годишна возраст кога заминал во Франција за да игра фудбал, а неговиот менаџер ги променил податоците и имал целосна контрола врз сметката во банка и пасошот на фудбалерот.

„Ова беше тежок чекор за мене за да ја откријам мојата приказна. Само со помош на мојот нов советник се осмелив на ваков потег“, објави напаѓачот.