Шок: Нејмар потешко се повреди – настрада скочниот зглоб (ВИДЕО)

Бразилската суперѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар потешко се повреди денеска во финишот од мечот на гостувањето со „светците“ кај Сент Етјен (3-1), па првите проценки не се баш најсјајни за извонредниот фудбалер.

Нејмар се повреди при еден доскок за да избегне лизгачки старт и веднаш се стркала и со болен крик се превиткуваше на теренот, а според првите информации потешко настрадал неговиот скочен зглоб, по што многу веројатно е дека го чека подолга пауза.

Сепак за тоа колкава пауза го чека Нејмар ќе треба да се сочекаат лекарските прегледи и точната дијагноза, а во ПСЖ сега ќе стискаат палци дека не станува збор за најсериозна повреда и скинати лигаменти поради кои би го немале Бразилецот на неколку месеци.