
Шевченко брзо си најде нова работа - повторно ќе биде селектор
Брзо беше отпуштен поради очајните резултати, па украинската легенда сега повторно ќе и се врати на селекторската работа. Според „ЕСПН“, Шевченко би требало да биде нов „кормилар“ на репрезентацијата на Полска.
Шпекулациите велат дека помошник на поранешниот голгетер на Милан ќе му биде полската легенда Јержи Дудек. Голманот беше ноќна мора на Шевченко во финалето во Лигата на шампиони во 2005 година, кога му одбрани пенал и му ја донесе титулата на својот Ливерпул.