Сетиен дури и да стане европски првак со Барса не останува тренер – Чави ќе го наследи!

Шпанска Барселона повеќе од сигурно е дека ќе го замени Кике Сетиен од кормилото на клубот, кој трбаше да биде „спасителот“ на Каталонците после отказот на Ернесто Валверде, па нов кормилар според информациите од Шпансија се дека Чави Ернандез, легендата на клубот ќе биде новиот кормилар.

Чави беше кандидат за наследник на Валверде, но тогаш се изјалови работата иако беше речиси сигурна, но сега од Каталонија се појавија информации дека сè е договорено со поранешниот фудбалер за врска на Барса за тој да биде новиот тренер за следната сезона.

Ова не е првпат Чави веќе да биде промовиран преку медиумите, зашто вакви информации ссе појавија и пред десетина дена, само што овојпат бившиот фубалер ќе го преземе тимот од септември, а не како што претходно се најавуваше за августовскто доигрување на ЛШ.

„Барселона е договорена со Чави и тој ќе го наследи Сетиен, но по крајот на оваа сезона, без оглед на исходот од актуелната, како во Ла Лига, така во ЛШ“, пишуваат медиумите.

Чави е легенда на Барса има 767 настапи за овој клуб, по што во 2016 година замина во Катар, а сега ќе има шест милиони евра плата за да ја предводи Барса.