Серија А ќе се прекине само ако еден фудбалер е позитивен на коронавирус!
Клубовите добија јасни упатства според кои треба да се однесуваат во следниот период, а доколку се разболи некој фудбалер од коронавирус, тогаш натпреварувањето ќе биде прекинато.
„Екипите и нивниот медицински персонал се задолжени да ги контролираат сите спортисти, тренери и директори, како и сите кои присуствуваат на натпреварите и така да го спречат ризикот од ширење на коронавирусот“, пишува во препораката од Владата.
Викендов на Апенините ќе се играат средбите од 26. коло во Серија А, меѓу кои и италијанското дерби Јувентус - Интер во недела од 20.45 часот.