Семејството Малдини ја доби борбата против коронавирусот

Прославениот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, кој на крајот на минатиот месец беше позитивен на коронавирус, успеа да се излекува.

Италијанските медиуми пишуваат дека Малдини повеќе не покажува симптоми и дека се чувствува многу добро, а пред неколку дена од вирусот оздраве и неговиот син Даниеле.