Секулов дочека да дебитира за Јувентус во Серија А!

Македонецот Никола Секулов конечно дочека деби во дресот на Јувентус, откако тренерот Масимилијано Алегри реши да му даде шанса на младиот фудбалер во завршницата од натпреварот против Лацио.

Алегри го повлече од игра Мојсе Кин, а на негово место во 80. минута го постави Секулов кој ќе се обиде да им помогне на „бјанконерите“ да остварат позитивен резултат.

Да потсетиме, Секулов пред десетина дена беше повлечен од позајмица во Кремонезе.