Се променија работите во Јуве, фановите го скандираа името на Влаховиќ!

Јувентус вчера со убедливи 4-0 го победи Каљари и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија, а Душан Влаховиќ се смири со навивачите.

По дуелот против Венеција кој заврши 2-2, Влаховиќ влезе во вербална расправија со фановите на Јувентус. Но, веќе на вчерашниот дуел работите се променија, за време на загревањето навивачите го скандираа името на српскиот фудбалер.

„Многу сум задоволен бидејќи ова е еден од најголемите клубови во Европа со 60 милиони фанови. Жал ми е за тоа што се случи во саботата, но мора да продолжиме заедно, обединети, тоа е најважната работа“, рече Влаховиќ по мечот.

„Среќни сме со победата и со тоа што толку фанови дојдоа вечерва да ни дадат поддршка од првата до последната минута“.