Шпанците веднаш се оградија од Обединетата лига
Планот е претставен, во него треба да учествуваат 96 екипи поделени во четири ранга и на прв поглед е малку пофлексибилен во однос на првичната идеја, затворена лига со 20 екипи, како НБА. Сепак, 24 часа подоцна, веќе стигна првата „корпа“ за идејните творци и тоа од шпанската Ла Лига.
„А22 повторно претстави уште еден модел на пропаднатата Суперлига, сега под името Обединета лига. Проектот го загрозува управувањето на европскиот фудбал, настојувајќи да следи неколку големи клуба во скоја корист и промовирајќи го модел на комерцијализацијата на правата на емитување кој би го користеле само неколку елитистички клубови што ќе ја уништи економијата на националните лиги. На проектот и натаму му недостасува поддршка од клубовите, сојузите, играчите, навивачите и националните европски институции“, стои во пораката од Ла Лига.
Претходната иницијатива на друштвото предводено од Флорентино Перез ја загуби битката, но издејствува промени кај УЕФА кои резултираа со смена на моделот на натпреварување во Лигата на шампионите.