Рашфорд пред заминување од Јунајтед, следна станица - Саудиска Арабија

Градското дерби против Манчестер Сити беше најава дека нешто не е во ред во Јунајтед и дека се подготвува промена во тимот на крајот од оваа година.

Маркус Рашфорд не се најде во стартната постава по што почнаа шпекулациите дека тој ќе си замине од Олд Трафорд. И самиот напаѓач ги подгреа најавите за такво нешто со изјавата дека е подготвен за нов предизвик и дека нема да има проблем во односот со луѓето од клубот.

Англиските медиуми веднаш излегоа со информации каде тој ќе ја продолжи кариерата. Во текот на летото во игра беа Арсенал, Барселона и ПСЖ, но се чини дека Рашфорд ќе ја продолжи својата кариера надвор од Европа.

Наводно, следна станица треба да му биде Саудиска Арабија и тимот на Ал Итихад кој се бори за титулата во тамошното првенство. Прва ѕвезда на тимот е Карим Бензема, но не е исклучено тој да ја заврши својата кариера на крајот од оваа сезона.