Се нижат лошите вести за Барса: Заврши сезоната за Де Јонг
Тој има дисторзија на десниот скочен зглоб поради што мора да паузира околу пет недели, а дури и заздравувањето да оди побрзо, нема потреба да ризикува затоа што сите надежи за Барселона дека ќе направи нешто оваа сезона се отидени во неврат. Главна цел на Де Јонг сега ќе биде враќање во погон за Европското првенство што ќе се одржи во Германија.
Првиот меч на холандската репрезентација на ЕУРО е против Полска на 16 јуни и дотогаш има доволно време Де Јонг да ја санира повредата.