Само два натпревари беа доволни за тренерска смена во Мајнц

Во Бундеслигата по само две одиграни кола имаше две тренерски смени. Откако прво отказ заработи Давид Вагнер од Шалке, денеска промена на клупата направи и Мајнц. 

Ахим Бајерлорцер заработи отказ по двата порази во новата сезона во Бундеслигата. Тој на клупата на Мајнц седна лани во ноември и го водеше тимот до 13-тото место на крајот од сезоната. Сепак, очајниот старт на новата натпреварувачка година беше причина Бајерлорцер да биде сменет од позицијата по поразите од Штутгарт и Лајпциг.