Салах одбил џиновски трансфер, ама идното лето сериозно ќе размисли да си оди од „Енфилд“

Египетската ѕвезда во Ливерпул, Мохамед Салах одбил џиновски трансгфер летово и тоа вреден 150 милиони фунти, но најавил дека за една година сериозно ќе размисли дали да си замине од „Енфилд роуд“, објави англискиот весник „Мирор“.

Според информациите на „Мирор“, Салах имал понуда вредна 150 милиони фунти од европски великан, најверојатно Реал Мадрид или Јувентус за да направи трансфер, но после освојувањето на европската круна со „црвените“, Египќанецот се решил да остане во англискиот премиерлигаш и во новата сезона да ја донесе толку посакуваната премиерлигашка титула која на „Енфилд“ се чека цели три децении.

Салах најавил дека за една година ќе ја преиспита сериозно одлуката дали да си замине од Ливерпул и да оди во некој друг гигант, зашто во моментов таква одлука би била избрзана и напаѓачот сметал дека ќе згреши ако после круната во Мадрид се спакува и си замине од Островото. Менаџерот Јирген Клоп исто така бил запознаен со понудата, па имал разговори со раководството за опасноста Салах да замине, што на крај нема да се случи.

Покрај Салах сериозна понуда имал и Сенегалецот Саидо Мане, но и тој како и Египќанецот одбил богата понуда од гигант, кој не се посочува, за да остане со „црвените“ и да се бори за премиерлигашката титула.