Салах донира 400.000 евра за неговото село, а на секое семејство му дава по 4.000 месечно

Египќанецот Мохамед Салах несебично им помага на жителите на неговотo село во татковината, па таму досега изгради болница, училиште, младински центар и амбуланта, но тука не е крајот на донациите.

Салах ќе донира 400.000 евра за систем за прочистување на вода за жителите да можат да пијат чиста вода, а исто така им дава на сиромашните семејства по 4.000 евра месечно.

Ѕвездата на Ливерпул на Египет му донираше три милиони евра за лекување од рак, а даде и 60.000 евра на една Универзитетска болница во татковината.

Репрезентативецот на Египет заработува 12 милиони евра годишно, па нема проблем да им помогне на неговите сонародници.