Роналдо со два гола за четири минути му пресуди на Калјари (ВИДЕО)

Јувентус му се приближи на Милан на табелата во Серија А на само еден бод, откако актуелниот шампион славеше против Калјари со 2-0.

Кристијано Роналдо во 38. минута погоди за 1-0, а само четири минути подоцна стрелаше и за водство од 2-0 на Јувентус.

„Старата дама“ по осум одиграни меча има 16 бодови, односно еден бод помалку од Милан.