Роналдо руши рекорди и на социјалните мрежи со трансферот во Јуве (ФОТО)

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо предизвика вистинска лудница со доаѓањето во италијанскиот великан Јувентус, па само 24 часа откако официјално го потпиша договорот, „старата дама“ заработи половина од парите што ги плати за трансферот од Реал Мадрид.

Колкава е моќта на Роналдо посебно во дигиталниот свет најдобро покажува и податокот дека неговата објава на Инстаграм, „Форца Јуве“, која ја објави на 16 јули за помалку од два дена стана петти најлајкуван посто во историјата на оваа друштвена мрежа со 11,3 милиони лајкови, а до крајот на денот може да прескокне еден негов пост од ноември 2017 година, кога го објави раѓањето на неговата ќерка Алана Марија. Загрозен е и постот на Џастин Бибер на третото место, кој има 12,7 милиони лајкови.

Првото место го држи Кајли Џенер, сестрата на Ким Кардашијан, која во февруари и март годинава во оваа година објави слика ос својата ќерка. Овој е неверојатен податок уште еднаш покажува колкава е моќта на социјалните мрежи во модерното време и колку за клубовите е важен брендот на самите играши.

Роналдо на трите најпопуларни друштвени мрежи, Фејсбук, Инстаграм и Твитер заедно има повеќе од 331 милион следбеници, а Јувентус едвај 54 милиони.